ВИЦЕ ПРЕМИЕРОТ АНЃУШЕВ ОДГОВОРИ НА КРИТИКИТЕ ОД ГРУЕВСКИ: Тоа што јавно ги објавивме субвенциите кои ги даваме на странските инвеститори ќе помогне да имаме повеќе а не помалку инвестиции!

Објавено на 07.03.2019 во 16:23:59 часот | Македонија

На новинарско прашање како ги коментира критиките од екс премиерот Груевски искажани во интервјуа од Будимпешта дека владата погрешила што јавно го објавила тарифникот односно висината на субвенции кои ги дава на странските инветитори со што нашите соседи добиле предност да понудат повеќе и да ни ги украдат инвестициите, вице премиерот Анѓушев одговори:

- Тоа не е точно, јас сум од бизнис фелата и знам дека во меѓународните корпорации многу поважно е кога се знае на што сте и кога тоа нема да се промени во блиска и далечна иднина, па така тоа што ценовникот е јавен и е на ниво на закон значи дека тоа нема да се промени преку ноќ и не зависи од тоа дали компанијата ќе успее да се испазари или сличн, па така компанијата ќе може да ја планира инвестицијата на долг рок и со тоа да донесе одлука, инаку нема да се знае на што се и дали ќе инвестираат или не, така што критиките се неосновани, и тоа се гледа со фактот што 2018-та ги завршивме со рекордна бројка на странски инвестиции!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет