Стево во своето прво интервју како кандидат распали со голема артилерија, покажа голема политичка амбиција и визија, со тоа практично покажа дека има намера да биде вистински државник и политички гигант, Заев конечно доби реална конкуренција за лидер на земјата!

Објавено на 07.03.2019 во 01:05:18 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Бреееј од нигде никаде, ја очекував досадно интервју ама кога почна Стево да бомбардира ќе паднев од стол...

Уште на првото прашање од Борјан, за тоа дали е консензуален кандидат, Стево покажа пркос и независност и рече дека себе си не се смета за консензуален кандидат туку за заеднички владин кандидат?!?! Со ова им нанесе аперкат во пределот на стомакот на ДУИ...

И од тука натаму цел саат интервјуто беше љута распаљотка со тешка артилерија.

Во сите свои стојалишта, дистанцата па и критиката кон владата, идејата дека ќе бил близок со опозицијата и намерата да биде нов Киро Глигоров, Стево покажа дека не се зафркава и дека има намера да биде иден политички гигант кој ќе дрма на политичката сцена.

Дефинитивно човек кој долго сонувал за политички височини, човек со амбиција, човек со визија, кој долго со децении работел на овој мега проект и сега му се укажува шансата да си го оствари сонот.

И го разбирам, убаво е човек да верува во големи успеси и да се труди да ги достигне. Самиот се сметам за таков ловец на соништа и амбиции и знам колку е тоа заразно и убаво кога ќе оствариш дел од тие соништа.

Заев конечно добива реална конкуренција за лидерската позиција во државата. И Заев нема зошто да биде загрижен затоа што тој како премиер има квалитети и не е измамник, туку е реален вреден силен способен политичар кој ќе може без мака и нервоза да се носи со конкуренцијата која ќе пристига од вилата на Водно.

Во демократско општество добро е да имаме двајца силни мега државници. Ако опозицијата изнедри трет таков мега лик, тогаш Македонија ќе биде навистина европска држава за респект. Реално и Али Ахмети и Зијадин Села имаат голема тежина во земјава, да не ги забораваме и нив.

Ние новинарите ќе уживаме во тој ривалитет.

Напред Стево, имаш наша поддршка.

п.с  Го добивме тоа што го баравме. Ако не сакаш да си имаш работа со фикус, тогаш решението е кактус. Стево покажа дека ќе боде многу незгодно ако ситуацијата тоа од него го побара, односно ако некој си го бара со боринче има многу гадно да се надене на боцките на Стево...

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија