(ВИДЕО) Десковска во Студио 1: СЈО ќе стане траен орган за гонење на висока корупција

Објавено на 06.03.2019 во 23:38:31 часот | Македонија

Во Отвореното Студио 1 гостинка беше министерот за правда на Република Северна Македонија, Рената Десковска, а повод и тема на нејзиното гостување се најавените измени во Законот за Специјалното јавно обвинителство.

На многуте реакции во јавноста, особено по најавите дека практично на извесен начин завршува мандатот на СЈО и се претопува во Јавното Обвинителство што би значело минирање на процесот на разоткривање на бомбите, Десковска со став дека овој закон дава живот на Специјалното јавно обвинителство.

„Според постојниот закон за СЈО, мандатот на јавната обвинителка треба да заврши во септември а јавното обвинителство за година дена требаше да згасне. Мора да водиме сметка дека во постојниот закон, освен јавната обвинителка, никој друг неможе да преземи или да потпишува дејствија во свое име, туку сите преземаат дејства во име на специјалниот јавен обвинител, така што ако не се обезбеди продолжување на Специјалното јавно обвинителство како траен орган во системот на јавното обвинителство тој практично од 15 септември оваа година ќе беше мртов орган.

-Мислам дека непотребно се создава една атмосфера дека било што има затскриено во законот кое што може да создаде проблем, напротив сметам дека овој закон кој што го пративме во Собранието, ако се донесе во оваа форма, без било какви амандмани кои што би ја нарушиле конзистентноста на текстот и јасноста на одредбите за одредени постапки кои што веќе постојат во СЈО јас би била многу среќна.

-Тука имате многу елементи – едно е што го правиме органот траен орган, и тоа со многу силни надлежности кои што ќе ги има во гонење на криминал, висока корупција кај функционери. Тоа ќе биде за оваа влада, за идните влади, значи органо кој што постојано ќе се занимава со тоа прашање и тоа нешто е нешто што треба да биде предупредување за сите кои што се наоѓаат на власт дека има некој со капацитети и може да ја следи нивната работа.

Целиот разговор со министерот за правда Рената Десковска може да го погледнете во видеото:

 

 

* реклами:

Македонија

Свет