ЕВН Шпаркасе Банка и GEFF организираа целодневен настан за енегетска ефикасност

Објавено на 06.03.2019 во 08:49:16 часот | Македонија

ЕВН Шпаркасе Банка и GEFF програмата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), организираа целодневен настан за енергетска ефикасност во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, каде што преку саемска изложба, презентации, предавања, работилници и забава беа демонстрирани најновите трендови во оваа област. Настанот беше организиран во рамките на активностите за одбележувањето на Светскиот ден на енергетската ефикасност – 5 март.

Во текот на денот, посетителите имаа можност да го посетат Саемот за енергетска ефикасност каде повеќе компании кои нудат решенија за енергетска ефикасност во домовите ги презентираа своите производи и услуги. За најмладите, организирана беше едукативна работилница под наслов „Учиме преку експерименти“, потоа се одржа интерактивна сесија на социјалните медиуми со прашања и одговори на темата, а беше организирана и презентација и дебата на тема „Инвестирај во енергетската ефикасност – диши чист воздух!“.

ЕВН е една од првите компании во земјава која во континуитет работи на едукација на јавноста за поголема примена на енергетска ефикасност.

– Неодамна, покрај напорите за едукација за енергетска ефикасност, ја збогативме и нашата понуда со услуга за поставување на фотоволтаични системи кај домаќинствата и бизнисите по принципот „клуч на рака“. Преку искористувањето на обновливата енергија на сонцето, едно домаќинство може да покрие над 30% од годишната потрошувачка на електрична енергија, а компаниите покрај остварените заштеди, ја засилуваат својата одговорност и оддржливост со користење на т.н. „зелена енергија”. Интересот за услугата е голем, поради тоа што придобивките се огромни. Во иднина ќе продолжиме со надополнување и унапредување на нашите услуги во доменот на новата енергија и енергетската ефикасност – истакна Илија Ќироски од ЕВН.

ЕВН и Шпаркасе Банка Македонија потпишаа и договор за соработка за ЕКО – кредитите со што фотоволтаичните системи стануваат уште подостапни за граѓаните.

– Секогаш сме се стремеле на пазарот да понудиме иновтивни пакети кои ќе поттикнат поголема примена на енергетски ефикасни решенија. Наша цел е да ја направиме подостапна примената на новите технологии. Преку наменските ЕКО – кредити, сите заинтересирани добиваат поволни услови и заокружен процес со финансирање, проектирање и инсталирање на енергетско ефикасни технологии. Интересот за овие кредити расте, и сметаме дека во блиска иднина ова ќе биде еден од најбараните производи на пазарот – истакна Викторија Јовановска од Шпаркасе Банка.

ЕКО кредитот на Шпаркасе Банка Македонија е наменет за физички лица со максимален износ од 50.000 евра, рок на отплата до 20 години ификсна каматната стапка во првите три години почнувајќи од 5,7%, а потоа променлива почнувајќи од 5,9% во останатиот период на отплата. Кредитот има можност и за грант до 20% од вкупната вредност на самиот кредит.

Шпаркасе Банка Македонија ги нуди ЕКО кредитите преку GEFF програмата на ЕБРД. Една од главните цели на ЕБРД преку GEFF програмата е поттикнување на поголема примена на енергетската ефикасност преку различни инструменти за поддршка во земјата. На Саемот за енергетска ефикасност, беше презентиран и Калкулаторот за енергетска ефикасност – алатка која овозможува пресметка на заштедите на енергија во домот од примена на енергетски ефикасни технологии.

– Примената на енергетската ефикасност е од огромно значење, и од економски и од еколошки аспект. Пресметките покажуваат дека со имплементација на солидни енергетски ефикасни решенија едно домаќинство може да ја намали потрошувачката на енергија и до 40%, а притоа да го задржи истиот квалитет на живот. Компаниите кои денес ги презентираа нивните производи се само мал дел од нашиот Селектор на Технологија, онлајн каталогот со скоро 4.000 енергетско ефикасни производи кои се на располагање за граѓаните. Ние и понатаму ќе продолжиме да ги подджуваме сите инцијативи, бидејќи покрај економските придобивки не смееме да ги изоставиме позитивните ефекти кон животната средина – истакна Игор Панчевски од EBRD GEFF програмата.

Светскиот ден на енергетската ефикасност се одбележува повеќе од 20 години во светот и има за цел да ја воочи потребата од намалување на потрошувачката на енергија на светско ниво.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет