(ВИДЕО) КОМИЧНА ХИСТЕРИЈА НА ТЕЛМА И ОГНЕН ЧАНЧАРЕВИЌ: Скопје да се врател како изгледал пред 30 години, значи да ги укинеме сите градежни фирми и градежен и архитектонски факултет и да останат на улица 30 000 работници од градежен сектор!

Објавено на 06.03.2019 во 08:22:47 часот | Македонија

Ти даваат да правиш прилог за урбанизмот во Скопје, седнуваш и почнуваш да хистеришеш и да урлаш и да бараш Скопје да се врати на состојбата пред 30 години.

Но што значи тоа? Колку ќе беше цената на метар квадратен стан во Скопје доколку не се изградеа тие 50 000 станови што се изградија овие неколку децении?

Дури и со ова ниво на градба се уште цената на стан во Скопје е астрономска со над 1000е цена за метар квадратен.

Од што ќе живееја тие 30 000 работници во градежен сектор и секторите кои гравитираат околу градежен сектор?

Од што ќе се финансираа општините, од што ќе се градеа улици, паркови, тротоари, итн?

Требаше ли да ги затвориме градежните фирми и фирмите за градежин материјали и плацевите за продажба на градежни материјали?

Фирмите кои прават и продаваат врати, плочки, цигли, железо, лепила, цемент, ролетни, изолација, мебел, бела техника, кујни, бањи итн не требаше да постојат?!?!

Требаше значи овие 30 години само да се журкаме и да си го слушаме Леб и Сол и чукни во дрво?!

Линк до хистеријата  и популизмот на Телма за урбанизмот во Скопје.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет