ТУНТЕ ВИКА ДЕКА ВЛАДАТА ТРЕБАЛО ДА КУПИ НОВ ВЛАДИН АВИОН: Еве предлог на Мактел, ново мало авионче со 8 патници и двајца пилоти за 13 милиона евра од докажаниот канадски производител Бомбардиер!

Објавено на 02.03.2019 во 22:20:23 часот | Македонија

Томислав Тунтев, директорот на агенцијата за цивилно воздухопловство во интервју за Независен вели дека владата морало да купи нов авион, сегашниот бил стар и небезбеден:

Што се случува со владината авиослужба, немаше доволно екипаж? Кога сте ја контролирале последен пат?

Ние ги контролираме и воздухопловот и екипажот. Во овој момент се ангажирани двајца нови пилоти, кои се во фаза на добивање дозвола за конкретниот тип авион, сега се вкупно 6.

Наше мислење или препорака е сериозно да се размислува за набавка на нов авион. Актуелниот државен авион е со стара технологија, земен многу одамна, не е земен нов, туку репариран. Технологијата што ја има дозволува слетување само на аеродроми од прва категорија, а денешните аеродроми нудат можност и за слетување во полоши услови. Затоа во случаи на магла или неповолни метеоуслови, авионот оди на околните аеродроми. Од безбедносен аспект ќе биде многу подобро. Не може авион со 7 седишта да биде авион на Влада. Треба да има минимум 15 седишта.

Денеска не мора во готово да се купува, има форми на лизинг, може со месечни отплати. Јас сум цврсто убеден дека поради застарената технологија, итно треба да се размислува за набавка на нов авион за потребите на државните органи. Со тој авион ќе лета и претседател на држава и премиер, претседател на собрание и не само што треба да ги задоволи потребите од организациски аспект туку и најсовремените безбедносни стандарди.

Ако е со 15 седишта, кои авиони доаѓаат предвид и која е рамковната сума?

Најреномирани се „Фалкон“ и „Галфстрим“. Во договорите што се склучуваат има гаранција доколку во одреден период авионот има недостаток, тогаш доаѓаат со нов авион, со целокупна екипа и се завршува потребата на државниот орган. Осовременети се работите во сферата на ВИП-авијацијата и сметам дека не може авион со технологија од 80-тите години да ги задоволи потребите, и како капацитет, и како техника и технологија и затоа треба да се размислува за набавка на нов. Таков авион може да чини меѓу 15-20 милиони евра, но тоа е инвестиција што ниту се плаќа наеднаш, ниту се прави без комплетна анализа. А имајќи ги предвид интегративните процеси што државата ги има во понатамошниот период, потребата од патување, особено до Брисел, Стразбур и другите ЕУ-центри за наши делегации, ќе биде сè поголема. Долгорочно, ако се имаат предвид цените на билетите во комерцијалната авијација, сигурно оваа инвестиција ќе биде исплатлива.

Што би правеле со стариот авион?

Треба да се размисли. Најскап авион е авион на земја. Секако дека треба редовно да се одржува, но сметам дека не треба веќе да се користи за ВИП- патници кога ќе се набави нов. Може да се продаде или да се пренамени.

Со премиерот сте зборувале на оваа тема?

Еднаш премиерот ми прати порака дека се расипал генераторот. Јас му одговорив, „не секирај се премиере, има уште еден“. Но, ако се чести откажувањата на генераторот, независно од редовните прегледи, тогаш треба да се запрашаме зошто е тоа така. Тоа се генератори со технологија од раните 80-ти, а сега сме длабоко навлезени во 21 век. Такви генератори не постојат, сега се алтернатори и немате ни резервен дел, не се произведуваат. Тогаш му реков, „премиере, време е да размислувате за нов авион“, а тој на шега ми одговори, „Тевдо не дава“. Но мое е, таков став и на колегиум зазедовме, да укажеме и да советуваме сериозно да се размислува за ова прашање.

 

Од понудата во моментов на пазарот најповолна цена има Лирџет на канадскиот Бомбардиер, кој има капацитет од 8 патници и двајца пилоти по цена од 13 милиони евра. Се друго е од 20 па до 100 милиона евра!

Еве што нуди Лирџет:

The Learjet 70 and 75 are modern upgrades to the Lear 40- and 45- series aircraft. The aircraft announcement was made at the 2012 European Business Aviation Convention and Exhibition (EBACE) in Geneva, Switzerland, and after the usual delays, the first Lear 75 was delivered in September 2014.

The newest 8-10 seat Lear business jets have essentially the same general design characteristics of the Lear 40 and 45 with a few modern changes, like a brand new interior and higher power engines. Another modification from the Lear 40 included new winglets, which add efficiency and increase performance. Finally, takeoff performance is reduced by about nine percent.

Customers looking for a jet that will take them through the modern airspace changes like NextGen and the Single European Skies Program will like the Lear 70 and 75, as either one will come equipped with the increasingly popular and highly talked-about Garmin 5000, which includes NextGen technologies such as synthetic vision, ADS-B and data link capabilities.

Price

  • Lear 70: $11.5 Million
  • Lear 75: $13 Million
 

Timeline

  • May 2012: Aircraft announced at EBACE 2012
  • Currently in service.
 

Features

The Lear 70 has a capacity of six passengers and two crew members, while the Lear 75 can hold up to eight passengers and two crew members.

 

Both jets feature new interior, derived from the Learjet 85, and a seven-inch touchscreen display at most seats with individual cabin management controls. LED lighting is a new feature, as is a larger baggage compartment and more galley space. Wi-fi will be offered as an option.

 

And in addition to the remarkable flight deck, pilots will enjoy highly moveable (and long-overdue!) sun visors.

 

Performance Specifications

  • Range: 2,000 nm (The Learjet 75 has a range just under 2,000 nm at normal cruise with all eight passengers.)
  • High Cruise Speed: Mach .81
  • Normal Cruise Speed: Mach .75
  • Maximum Altitude: 51,000 feet
  • Initial Cruise Ceiling: 45,000 feet
  • Takeoff Distance: 4,230 ft
  • Landing Distance: 2,660 ft
 
  • Max Takeoff Weight: 21,000 lb
  • Max Landing Weight: 19,200 lb
  • Basic Operating Weight: 13,715

 

 

* реклами:

Македонија

Свет