ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ЈА ИЗВЕСТИ ЈАВНОСТА ЗА НОВ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКОТО ЈАВНО ЗДРАВСТВО: Успешно опериран пациент од ретка болест за што досега се лекувале само во странство!

Објавено на 02.03.2019 во 15:53:03 часот | Македонија

Завчера, успешно му беше извршена т.н „frozen elephant trunk“ процедура, на пациент на возраст од 57 годишна возраст на Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија. Станува збор за реоперација кај пациент со исклучително висок ризик. Процедурата помина добро и во моментов, пациентот е во стабилна здравствена состојба.

Голема благодарност до целиот лекарски тим на Државна Кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Марјан Шокаровски, останатите членови на кардиохируршкиот тим и до спец. д-р Петар Ристески од Универзитетската Клиника во Франкфурт за пренесувањето на експертиза и надградбата на знаења. Соработката на Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и Универзитетска Клиника во Франкфурт продолжува и во иднина.

Нашата држава е прва во регионот со воведени ФЕТ процедури. Досега извршени се шест „frozen elephant trunk“ процедури. Порано, пациентите бараа лекување во странство, а од пред 10 месеци овој тип на здравствени услуги, пациентите може да ги добијат на Клиниката за Државна Кардиохирургија. На пациентот му посакувам побрзо да закрепне, да застане цврсто на нозе и да биде со своето семејство.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет