БРАВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ОБЕЗБЕДЕНИ ЛЕКОВИ ЗА ЗАБОЛЕНИТЕ ОД РЕТКИ БОЛЕСТИ!

Објавено на 01.03.2019 во 21:56:52 часот | Македонија

Венко Филипче

Минатата година воведовме 3 нови лекови за ретки болести, од кои еден за болеста фамилијарна амилоидна полиневропатија, апластична анемија и нов лек за болеста Гоше. Годинава воведуваме уште два нови лека, меѓу кои и нов лек во таблетарна форма за болеста Гоше.

Наша обврска е да се грижиме за подобри услови и воведување на нови лекови за лицата со ретки болести. Овој ден кога е денот за подигнување на поголема свесност за ретките болести да биде само ден каде ќе констатираме напредок.

Со Фондот за здравствено осигурување активно работиме на наоѓање решение да се подобри дијагностиката за лицата со ретки болести.

Во 2019 година обезбедуваме терапија за сите 20 пациенти со ретки болести кои беа на листа на чекање во 2018 година. Преку Програмата за лекување на ретки болести во 2019 година планирана е набавка на вкупно 30 лекови за пациентите со ретки болести.

Воспоставен е електронски регистар за сите пациенти, кои се заболени од ретки болести. Ова е првпат да постои систем каде точно ќе се има евиденција за секој пациент. Регистарот го направи Националната комисија за ретки болести каде членуваат медицински лица кои ги водат овие случаи.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет