ОРДАНОВСКИ: Дозволете да констатирам извесна некоординираност кај десничарските одреди за пропагандна ликвидација - Курир ме прогласи за нов Латас, а здружението на Латас го осуди интервјуто?!

Објавено на 01.03.2019 во 10:48:36 часот | Македонија

Дозволете да констатирам извесна некоординираност кај десничарските одреди за пропагандна ликвидација: 15 минути по моето интервју со г. Христијан Мицкоски во „Печат на неделата“ на 1ТВ – на Христијан му благодарам за отворениот и инспиративен разговор – пропагандната фаланга на ВМРО-ДПМНЕ (Курир, Лидер и останатите мегафони) ме прогласија за „новиот Латас во македонското новинарство“ (Курире, синко, што ти бидна?!), а веќе следното утро новинарското здружение чијшто основач и почесен доживотен претседател е г. Латас прогласи дека во интервјуто сум ги прекршил сите медиумски закони и новинарски кодекси…

Па, не може вака, без елементарна координација! Од овие и понатаму ништо нема да ги бидне. Ни со помош на ААВМУ.

Извор: Цивил медиа

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет