СКАПО ЌЕ НЕ ЧИНИ СМЕНАТА НА РЕЖИМОТ: Водачите на Шарената револуција треба да платат казна од 100 евра по протест, вкупно над 100 000е!

Објавено на 01.03.2019 во 10:42:20 часот | Македонија

Најистакнатите учесници и неформалните водачи на Шарената револуција во просек ќе треба да платат казни по 100 евра од секој протест на кои учествувале и фрлале боја. До оваа бројка се доаѓа ако се сумираат бројот и висината на прекршочните казни кои дел од учесниците на Шарената револуција ги добија.

Една од таканаречите командоси на Шарената револуција, режисерката Ирена Стеријовска направи список со број на прекршочни казни кои дел од нејзините соборци ги добија:

Ана Кркулевска – 15 казни од 100 евра, 1 од 400 евра и околу 30тина во процедура
Павле Богоевски – 5 казни од 100 евра и 40 во процедура
Ирена Стеријовска – 20 казни од по 100 евра и уште 20тина во процедура
Замир Мехмети – 8 казни од по 100 евра и 30 во процедура
Симона Спировска – 10тина казни од по 100 евра и немам информација и уште колку во процедура
Алек Гочев – 7 извршни казни од по 100 евра и 32 во процедура
Јаков Спасов – 11 извршни казни од по 100 евра и 10 во процедура
(Овие бројки се до пред еден месец, во меѓувреме нивниот број се уште расте)

Стеријовска за „Фокус“ вели дека државата праќа лоша порака со тоа што ги казнува оние кои ги поттикнуваа граѓаните на активност.

-Наследството на шарената револуција во најголема мера е во тоа што би требало да ги поттикне граѓаните на активност, да ги окуражи дека кога се во право и организирани преку ненасилно делување можат да сменат историски текови. Каква порака им праќа државата на своите граѓани ако за тоа треба да платат безмалку по 100 евра од протест. Естетиката и пораката на шарена не треба да бидат предмет на парично казнување особено кога ни еден денар од џебот не им се одлева на многу ликвидни креатори на монструозни идеолошки франкештајни, вели Стеријовска.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет