НОЌНА МОРА ЗА ТЕЛЕВИЗИИТЕ: ЗНМ го предлага Насер Селмани во Советот на АВМУ

Објавено на 28.02.2019 во 22:54:36 часот | Македонија

Бурна расправа на Управниот одбор на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) предизвикала точката за предлог на новинарското здружение за член во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), објави Мета.

Од пет пријавени кандидати на отворениот повик, мнозинството на Управниот одбор одлучило да го предложи поранешниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани.

Одлуката не била едногласна, туку во сооднос шест членови за, а три против.

Според дел од членовите со кои разговаравме, постои и прашањето дали актуелниот претседател Младен Чадиковски има направено договор со Селмани, кој во улога на претседател на ЗНМ на изминуваше мандатот отворено лобираше меѓу членството за Чадиковски, во замена за лобирањето, Селмани да добие место во Советот на АВМУ, пишува Мета.

Актуелниот претседател Чадиковски негираше дека има договор меѓу него и Селмани, кој како награда за лобирањето би го добил местото во Советот на АВМУ.

– Не постои таков договор. Предлогот не е мој, туку на Управниот одбор. Сакавме да дадеме еден предлог за да се задржи истиот начин на комуникација со институциите, а и да го избегнеме лобирањето. Политички не калкулираме бидејќи ние сме новинарско здружение – изјави Чадиковски.

На прашањето дали со само еден предлог, ЗНМ би можело да го загуби местото во АВМУ, Чадиковски рече дека не мисли дека тоа може да се случи.

– Тоа би предизвикало штета по угледот и на Собранието и воопшто по угледот на државата во ЕУ и меѓународната заедница, доколку се случи да не биде прифатен предлогот на ЗНМ – вели Чадиковски.

Тој додава дека ЗНМ имало јавен оглас, на кој се јавиле четворица кандидати. Двајца од нив претходно беа членови на јавни тела предложени од ЗНМ па мнозинството во Управниот одбор сметало дека нема потреба да се поддржуваат луѓе што веќе имале функции.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет