НОВА ТЕПАЧКА МЕЃУ СДСМ И ДУИ: ПЕТРЕ НЕКА НЕ МИ СЕ МЕША, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА САРАЈ БЕЏЕТИ ЗА ДИВИТЕ ПЛАТФОРМИ НА МАТКА

Објавено на 28.02.2019 во 20:18:24 часот | Македонија

ПЕТРЕ НЕКА НЕ МИ СЕ МЕША, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА САРАЈ БЕЏЕТИ ЗА ДИВИТЕ ПЛАТФОРМИ НА МАТКА

Градоначалникот на Сарај Блерим Беџети денеска изјави дека бараат правен начин да се решат дивоградбите на Матка и дека тие постојат со години. (Фото: СДК.МК)

Градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети денеска изјави дека платформите на Матка се диви и му порача на градоначалникот Петре Шилегов да не му се меша во работата во Општината. Беџети, после три недели откако САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека на Матка се гради дива платформа, во изјава за телевизија Телма рече дека бараат правен начин да се решат дивоградбите и дека тие постојат со години.

Никој не знае кој ги поставил дивите платформи на Матка, а сите надлежни државни органи се прогласија за ненадлежи за уривање (Фото: Ѓ. Личовски)

„Во моментов ниту една од платформите нема регулирано правен статус. Дополнителен проблем е пештерата која има врата, а никој не знае кој ја поставил. Јас сакам во пакет да ги решиме и ќе барам поддршка и од други институции. Ќе преземеме постапка како за други предмети. Станува збор чувствително место, треба да внимаваме да не ѝ наштетиме на Матка, но и да се зачува угледот и развојот на туризмот“, изјави денеска градоначалникот Беџети.

Откако вчера скопскиот градоначалник Петре Шилегов го повика да почне да си ја врши работата за која е избран од граѓаните, Беџети денеска му одговори да си гледа своите надлежности.

„Избрзана му е изјавата, не држи. Петре треба да ги види другите надлежности кои ги има, а не да се занимава со надлежностите на Општина Сарај“, изјави Беџети.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет