Сопругата на пратеникот Зекир Рамчиловиќ веќе еден месец работи во Министерството за внатрешни работа, т.е. во Секторот за внатрешни работи како самостоен советник во писарница, дознава „А1он“. Работното место на Мерсида Рамчиловиќ е релативно висока позиција во писарницата според систематизацијата на МВР.

„А1он“ му се јави на Рамчиловиќ, кој немаше време да даде одговор за тоа дали сопругата е вработена со негова заслуга или се пријавила на оглас распишан од МВР и кусо рече: ‘Не можам да разговарам, во Унгарија сум’. Пратеникот Рамчиловиќ е дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието која гласаше за уставните измени.