ЕДИНСТВЕН ЛЕК КАКО ДА ЈА СТРОИМЕ ОВАА ВЛАДА Е ДА И ГО УНИШТИМЕ ГЛАВНОТО ОРУЖЈЕ, А ТОА Е ВЕРБАТА ВО ПРАВИЛОТО - СЕКОЕ ЧУДО ЗА ТРИ ДЕНА!

Објавено на 11.02.2019 во 19:26:05 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Оваа влада нема ПР машина.

Оваа влада не тера диктатура!

Оваа влада се моли и крсти во македонското старо правило СЕКОЕ ЧУДО ЗА ТРИ ДЕНА!

Со ова правило, не ти ни треба диктатура нити пропаганда, едноставно кучињата си лаат, карванот си врви затоа што кучињата лаат само три дена и после забораваат за што лаеле.

Тука е лекот за оваа влада, да лаеме додека можеме и додека едениот не попушти, или тие, или ние.

Заев мисли дека со огромната магла со приемот во НАТО, народот ќе заборави и нема да го примети овој ЦУНАМИ ОД НЕПОТИЗАМ, но мислам дека тука треба да му ги поматиме сметките на премиерот.

Ова бесрамно однесување на пратеници, министри, градоначалници и останати функционери кои си бутаат деца, снаи, зетовци, мажи и жени, мајковци и татковци по институции е настан без преседан!

Прв сериозен лапсус на новата власт!

И ако сега ова го дозволиме, тогаш многу други такви будалаштини може да им текнат.

Затоа колеги, јавност, сите, да врескаме за ова во нареден период се додека не ги поништат сите овие скандалозни конкурси и додека не се извинат.

Е сега ни треба ХИСТЕРИЈА како никогаш досега!

Ова заслужува хистерија!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија