ОВАА ИНВЕСТИЦИЈА ЌЕ НИ СЕ ВРАТИ СТО КРАТНО: Од септември, платите на судиите и судските службеници зголемени за пет отсто!

Објавено на 04.02.2019 во 23:08:53 часот | Македонија

Од септември ќе се реализира зголемувањето од пет проценти на платите на судиите и судските службеници, а  во тековниот Буџет има обезбедено околу 120 милиони денари за исплата на надоместоците, согласно Законот за судиите и судските службеници.

Ова го констатирале на денешната средба премиерот Зоран Заев, министрите за правда и за финансии, Рената Дескоска и Драган Тевдовски, со делегација на Здружението на судии, предводена од претседателот на здружението Џемали Саити, судија во Врховниот суд.

-Премиерот Заев, заедно со министерот за финансии и министерката за правда, изразија уверување дека уште 120 милиони денари ќе се обезбедат со ребаланс на Буџетот, и дека тие ќе бидат наменети за ретроактивни решенија на проблемите со надоместоците на судиите, соопшти владината прес-служба.

На средбата, на која позитивно биле оценети заложбите и реформите насочени кон обезбедување независно судство, претставниците на судиите и на Владата постигнале договор за формирање работна група со претставници од ресорните Министерства за изнаоѓање системско решение за платите на судиите.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет