ГОЛЕМ СРАМ ЗА ДУИ - Закани од обвинетите функционери на ДУИ кон СЈО: „На тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата“

Објавено на 24.01.2019 во 16:18:59 часот | Македонија

Во Кривичниот суд во Скопје денеска требаше да се одржи рочиште за „Титаник 3“ кој се однесува на уништување изборен материјал во Чаир во 2013 година, а обвинети се Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ. Во расправија меѓу одбраната и обвинителите од СЈО околу обезбедување на еден од клучните сведоци во случајот, Фатиме Фетаи откри дека имало закани за нејзиниот колега Гаврил Бубевски.

Адвокатот на Ејуп Алими, Мефаил Арслани, прво рекол дека се поревносни од СЈО бидејќи обезбедиле докази дека сведокот се наоѓа во Германија, каде е мажена и со адреса на живеење.

Бубевски искоментирал: „Да, добри сте и кога ми се заканувате“, пренесе СДК.мк.

„Кој ви се заканувал“, праша адвокатот.

Тогаш, Фетаи му рече на адвокатот: „Па ти беше тој што ми ја пренесе заканата дека ’ти си наша ти, може лесно да поминеш, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата’“.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет