ДРАМАТИЧЕН ПРЕС НА БИЗНИСМЕНОТ АЗМАНОВ: Претходно Латас и Ивица Коневски ме рекетираа со години, сега Боки 13-ка ми бараше изнуда од 50 000е или стан, се извинувам до Кабранов што го пцуев и им се заканував, беше во афект!

Објавено на 21.01.2019 во 15:33:47 часот | Македонија

- На телефон Боки 13-ка ми бараше рекет од 50 000е за да ги сопре клеветничките емисии на 1 ТВ за мене, јас сум чист како солза, нема за мене истрага во Финансова Полиција, се јавив таму и тие тоа ми го потврдија, а и да има, чист сум. Се извинувам на Кабранов што им се заканував на телефон, беше тоа во афект јас сум тенок со нервите. Претходно со години ме рекетираше Латас ми бараше стан со 40% попуст не му дадов, ме рекетираше и Ивица Коневски за спонзроство за МЗТ тоа морав да дадам за да можам да градам! Јас не работам со државата, баш поради тоа и го продадов БЕТОН на Минчо затоа што не сакав да учествувам во матни зделки со Скопје 2014-та, ако сум ја мафијаш, тогаш мафијаши се и Ванчо Чифлиганец, ама он се рекламира кај Боки а јас не, па сега јас сум мафијаш, а он не е, а исто работиме, купуваме маркици и земјиште и градиме. не сум учествувал во изработка на ДУП и во носење одлукли, немам никакви зделки со градоначалници, ден мито не сум дал на никого. Се плашам дека ова е нарачка од Чифлиганец кон мене!

Ова на драматичен прес пред новинарите го изјави денеска бизнисменот Зоран Азманов, газда на градежната фирна НАСТЕЛ.

НАСТЕЛ испрати и прес соопштение по пресот во кој се наведени и СМС пораките меѓу Азманов и Кабранов, уредник на 1 ТВ:

Почитувани Новинари,

На оваа прес конференција сакам да Ве информирам дека е грубо е нарушен новинарскиот код и етика од страна на телевизијата 1ТВ, на чело со неговиот сопственик Бојан Јовановски, кој во најавна шпица за ТВ емисијата „Инсајдер“ без никаков основ, го нарушава мојот углед, чест и достоинство најавувајќи ме како мафијаш. 

По добиена реакција од мои познаници, пријатели, роднини и соработници, кои телефонски ми се јавувија во врска со најавната шпица за емисијата „Инсајдер“ и откако и јас ја погледнав најавната шпица, веднаш се јавив кај уредникот на телевизијата Ацо Кабранов, кој ми кажа дека нема никаква врска со таа работа, а на мојата молба да бидам повикан и да расчистиме на основ на што ме квалификуваат како мафијаш, истиот ми кажа дека тој нема врска со таа работа и дека има добро мислење за мене по што ме упати кај сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски.

Веднаш потоа му се јавив на Бојан Јоваановски кој ми кажа дека тоа што го тврди и припрема за емисијата за мене е на база на цврсти докази, наводно добиени од финансова полиција, кој никогаш досега не ме повикала ниту на разговор, ниту пак ме известила дека против мене се води некакава истрага во МВР,  за некоја мафијашка градежна активност, за да некои наводни документи за мене се веќе стасани до новокомпонираната телевизија. 

Првиот телефонски повик кој го обавив со Бојан беше во среда, по кој ми најави дека ќе ме побара за 2 дена. Во петокот се слушнавме, како што ми најави и ми кажа дека целата таа работа може да се среди за 50.000евра или стан. Рекетирањето е пријавено во МВР.

 Јас побарав да имаме дуел со него, да ги извади сите документи што ги има, без разлика што му се прибавени на нелегален начин и да видиме кој е тоа мафијаш во градежништвото? Со што јас сум ја оштетил државата? Со што фирмата која јас ја контролирам ја има оштетено државата? И што тоа јас се разликувам од г-динот Чифлиганец, кој не е мафијаш? Дали е поради тоа што некој на Бојан му плаќа реклами и му пушта донации? А јас наводно сум мафијата во градежништвото бидејќи не сакам да поткупувам? Секогаш сум се борел против корупцијта и криминалот и остро го осудувам ова изнудување на пари. Доколку има вистински материјал за мене, јавно го повикувам, на која сака телевизија и врз основа на докази и аргументи да расчистиме дали јас сум мафија во градежништвото? Ако навистина сум мафијашот во македонската градежна мафија, барам веднаш да бидам осуден со бесење во сред Скопје за пример на сите. Никогаш не сум учествувал во донесување на било кој ДУП, туку сум инвеститор кој чесно си ги купува локациите и гради согласно донесениот ДУП.  ДУП-овите и ГУП-овите во сите случаи каде јас сум инвестирал лично, севкупно 3 објекти лично, како приватно лице и 30 други објекти кои Настел ги има градено, во сите случаи сопствениците на локациите си ги бркале интересот кој го имале во донесувањето на ДУП-овите.

Од таа причина барам од институциите на власта задолжени  да проверат со кого тоа Бојан Јовановски контактирал со финансова полиција која наводно му дала документација, која е дискутабилно дали воопшто може да се даде пред да биде поведена било каква истрага за наводно сторено кривично дело, кој стои позади целата таа приказна и за кој цел се спроведува оваа хајка против мене како чесен човек и бизнисмен кој не должи ниту денар на државата за данок по било кој основ и кој нема никакви ниту легални, ниту нелегални зделки со државата.

Никогаш не сум контактирал ниту еден судија ниту обвинител како што пишува во најавата за “Инсајдер”, а ако е така, би сакал да добијам име и презиме. Ниту познавам обвинители, ниту контактирам со судии, посебно не во врска со градежништвото.

Уште еднаш преку сите медиуми ако има било каква документација Бојан Јовановски – Боки 13 да го прифати мојот повик за јавна дебата во живо, за јавноста види дали се работи за класичен рекет од негова страна или навистина сум мафијаш. Во однос на срамните лажни вести кои ги пласираа во медиумите, односно дека сум му се заканувал на Ацо Кабранов, дека најпрво него ќе го убијам па потоа самиот себе, тоа нема врска со вистината, и затоа ви ги пренесувам од збор до збор целосно пораките разменети помеѓу мене и уредникот на 1тв.

Како што ќе прочитате од пораките кои следат, тој изјавува дека нема никаква врска со Инсајдер и нема контрола во однос на тоа, затоа ме препраќа кај сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски. Меѓу другото и истакнува дека нема лошо мислење за мене, па не разбирам зашто би му се заканувал да го убијам. Никогаш не би си дозволил да дигнам рака или да му наштетам на новинар кој ја изнесува вистината.

Ќе прочитате оштар речник кој го користам, меѓутоа од вистината не смее да бегаме. Сакам да се извинам за навредите кои ги употребив поради неправдата која ми ја нанесуваат и истите се кажани во афектната состојба.

Транскрипт од сите разменетите смс пораки помеѓу Зоран Азманов и Ацо Кабранов:

 

„Pocituvan urednik Aco Kabramov,

Se znaeme poveke godini i sekogas sum ve cenel kako profesionalen i objektiven novinar, no vecerva nekolku priateli mi ispratia informacia deka ste pripremale emisia vo negativen kontekst za mene i mojata licnos obvinuvajki me kako najgolem mafias, bez vopsto da mi dadete sansa jas da kazam ni zbor. Imeno nikoj od vasata redakcia vopsto ne me kontaktiral niti pobaral informacia od mene za ona sto saka da go kaze pred celata javnost za mene. Toj novinar najverojatno niti me poznava niti znae sto sum rabotel vo zivotot.

Te zamoluvam utre sabajle da se slusneme i da organizirame sredba pa ako e nesto vistina neka objavi, no ako e laga i iskonstruirana prikazna za da me srusi mene i mojata kompania koja makotrpno sum ja stvaral, ke moram da prezemam toa sto treba.

Sekogas sme spodeluvale deka najodvraten novinar vo vasata fela bil Latas toa bile i tvoi zborovi koj me reketirase vo 2009 i 2010. Sega najverojatno vo vaseto gnezdo se radja nov Latas koj na isti nacin bez da mi dade sansa saka da me ocrni.

Toa e krajno neprofesionalno i nekorektno. Smetam deka vie kako odgovoren urednik nema da dozvolite takva lakrdia i sram za novinarstvoto.

So pocit

Azmanov“

Зоран Азманов

 

https://vecer.mk/ekonomija/kvalitetot-i-upornata-rabota-se-najsiguren-pat-do-uspeh

Зоран Азманов

 

„Pocituvan Aco Kabramov ve molam da im go dadete linkov na vasite novinari koi sakat da zborat za mene da vidat koj i sto stoi zad imeto Zoran Azmanov kako sto miluvat da kazuvat. Ova Vecer go napisa vrz osnova na prezentirani dokumenti deklaracii za izvoz sliki i priznanici medali nagradi koi sum gi dobival od najgolemi kompanii vo svetot kako Wal Marr i dr. 

Ova e na nekoj nacin izvinuvanje za site nevistini koi gi objavuvaa Latas homoseksualecot i Ivona milionerka.  Procitaj i ke se uveris koj e Zoran Azmanov, a vokolku dojdete kaj mene se ke vi bide prezentirano so dokumenti. Nemoj da dozvolis nov Latas vo vasata televizia. Niti latas niti bilo koj dobil od reketiranje kaj mene. Samo ke se zakrvime i ishodot nema da se znae. Nemoze lagata i nevistinata da pobedat. I Latas mislese deka ke bide vecen, kade e sega pederceto se krie vo misja dupka. Zoran pokusavale mnogu ekipi da go ucenuvat i reketirat nikoj ne uspeal ni denar da izvadi od mene niti toj debelata svinja od Kumanovo Zoran kako se prezivase, niti Marjan Tusevski, niti Aleksandar Capragovski niti bilo koj od Vmro ekipata. Zoran e cist i pet pari ne dava na nikogo. Ako sum vinoven i ako sum napravil nesto sprotivno na zakon na sred skopje da me obesat zbor nema da kazam niti advokat nema da zemam, ama na cist biznis nekoj da me obvinuva majkata ke mu ja ebam i pokolenieto ke mu go ebam do kraj. Toj e Zoran Azmanov„

Зоран Азманов

 

„Ama jas iskreno nemam losso mislenje za vas naprotiv ve pocituvam“

Ацо Кабранов

 

„Zatoa te molam da se sretneme so vas kak urednik i so novinarot i so Boki i da vidime sto e vistinata. Ako e vistina toa sto sakate da objavuvate kako sto stoi vo bezobraznata najava , vednas da se objavi i da me osudat i da me obesat ako sum vinoven, no na pravdi boga bez napravena steta niti na drzava niti na bilo kogo nekoj da me najavuva kako navodno imal dosje za mene , a nema nikakvo kriminalno dosje niti moze da ima. Azmanov e e eden od najgolemite plakaci na danok vo drzavata vo zivotot niti jas niti moja firma ima zataeno denar danok. Nikogas ne sum rabotel so drzavata niti so drzavni firmi i sega na kraj na kariera nekoj da me crni pa ke go resam koj i da e. Procitaj go linkot toa e del od toa sto sum go srabotel i izrabotel za sto imam medjunarodni priznania. Toa go nema nitu eden biznismen vo Makedonia postignato. Nekoj mocko da me narekuva mafias i slicno pa ke go resam po cena na zivot“

Зоран Азманов

 

 

„Jas naj iskreno vi kazzav deka za insajder nissto navistina neznam i zatoa vi rekov da se javite na bojan“

Ацо Кабранов

 

 

Mu se javiv i rece utre da se slusneme i da se vidime. Te molam i tebe kako priatel poznanik i glaven urednik da se zainteresiras sepak mediumot kade ti si urednik saka da objavi nekoja nevistina seuste neznam sto no od nekoj izvori doznav nesto i toa e golema nevistina laga i nepravda. Ti kako urednik nemozes dokraj da se amnestiras bidejki toa e proekt na vasata televizia i nici drug. Zborev so finansova policia mi kazaa deka oni dokumenti za mene nemat i duri da imat ne bi gi dale. Taka da otpadja izgovorot na Boki deka dokumenti dobil od finansova policia. Toa e nevistina i nevozmozno. Plus za mene nemat nitu eden dokument so moj potpis niti nesto sum storil protivzakonski. Toa sum siguren i tuka nemam dilema . Ako vi e obrazot cist viknete me ili dojdete kako vi e zgodno pa da zborime so argumenti i dokazi a ne so carsiski muabeti mi rece, mi kaza, rekla kazala. Taka moze za sekogo da napravite emisia deka e kriminalec ili mafias. Toa e nekorektno i najdolno novinarstvo. Koe se kaznuva. Jas na sud vednas ke ti kazam ne ve tuzam i nemam namera so nasive sudovi poveke da tuzam toa e gubenje vreme.

Зоран Азманов

 

Aco ne mi se veruva si izmisluval deka tebe ke te ubiam i si priavuval takvi nevistini vo policia, a ne si priavil toa sto mi barase pari za da ne objavivas nisto. Sto taka necisto igras jas ke te priavam utre vo policia deka si baral pari od mene i si me ucenuval. Vistinata mora da izleze na videlina.

Kako mozes da lazes deka vie ke ste ja objavele vistinata i deka ke ste mi dale sansa da dadam svoe mislenje, a od druga strana mi kazuvase sosema drugi raboti sto ne sakam da se povtoruvam znaes ti mnogu dobro sto zborese. Deka Bojan gi bara parite ne ti. Pa ako mi davavte sansa da kazam ke mi ja dadevte pred da najavite na televizia deka jas sum mafias odnosno sefot na gradeznata mafia.

Sramota e tolku mnogu da lazes te smetav za seriozen i cesen novinar. Me razocara. Ednas velis deka ti ni si od avde nemas vrska drug pat baras pari za Bojan , tret pat , kazuvas deka ke si mi dal sansa da zboram za obvinuvanjata deka sum mafias i pred toa veke me proglasivte za mafias.

Зоран Азманов

 

Sto razlicno gradi Cifliganec, Golden Art , Dabar, Fatmir i site ostanati, nie site cesno kupuvame lokacii od privatni sopstvenici na zemjiste, oni si urbanizirat nie im davame procent od ona sto moze da se izgradi nekoj 23% nekoj 28% zavisno od lokacia. Kade e tuka mafiastvoto na investitorite. Nie ne donesuvame dupovi.

Mafia vo gradeznistvoto se tie sto ja opljackaa drzavata preku Skopje 2014 koi naplatia 5 pati povisoki ceni od realnite i vo kes im vrakaa na Grujo i ostanatite. Ama za tia pravi gradezna mafia koi ja ostetia i opljackaa drzavata ne smeete da otvorite ni zbor bidejki vi plakat pari i zatoa ste cesni novinari za da se doznae vistinata.

Viknete me vo zivo vo otvoreno studio na debata so kogo sakate dali novinar, obvinitel ili sudia na sekogo ke vi ja kazam vistinata vo lice bez pardon. Zoran cist i nema gajle ama vie ne ste cisti zatoa se plasite da me viknete vo emisia da se otkrie navistina vistinata.

Ako ne me viknete vistinata nema da ostane pod tepih, ke odam vo deuga televizia i vistinata ke izleze na videlina. Jas ne se plasam od vistinata tuku od pederski izmisleni prikazni i falsifikuvani dokumenti so koi mozete da maftate bez nekoj da gi proveri.

Kako i da e sekoj ke si go dobie zasluzenoto prano ili podocna. Za toa stojam cvrsto. Na nikogo dolzen ne sum ostanal toa go znaat site sto rabotele so mene i sto dobro me znaat

Зоран Азманов

 

Боки 13-ка ги демантираше овие тврдења на Азманов, неговата изјава на следниот линк.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет