Во еден момент тие беа насилно спречени да земат изјава од човекот кој го фати крстот, а притоа беа упатени навредливи зборови и пцости кон новинарите и снимателите.

Најдебелиот крај го извлече новинарката на Канал 5 Мирјана Мирчевска Јовановиќ, која од страна на вработени во агенцијата за обезбедување „Никоб“ ангажирани по наредба на македонската православна црква и како единствен организатор на настанот беше брутално избуткана, навредувана со погрдни зборови и влечена, која заврши во Градската болници со повреди на раката и вратот.

За оваа невидена агресија, на ден кој треба да е духовен празник и поради нападот на нашата екипа, Канал 5 телевизија ќе поднесе пријава до јавното обвинителство и полицијата.

Истовремено се прашуваме, како во е можно МПЦ да дозволи, на настан организиран од нејзина страна, да се случуваат вакви напади врз новинарски екипи?

Во продолжение и изјавата на новинарката Мирјана Мирчевска која предмалку ја даде од Градската болница.