Имам добри вести - спремете се државава во иднина да стане едно многу досадно место за живеење!

Објавено на 18.01.2019 во 14:30:36 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Македонија во иднина ќе биде мирна земја и многу многу досадна.

Нема веќе името, клетите Грци, клетите Бугари, клетите Албанци, Заев сето тоа го окончи, заврши, затвори.

Сега уште и црквата да ја реши и со Србија нема да имаме проблеми и отворени прашња.

И што ќе остане? Екологија, даноци, кучиња, здравство итн со еден збор нормални досадни теми како во Норвешка и Данска.

И ете, Заев го оствари сонот на Тевдо, навистина станавме Данска.

Оваа влада ја нормализираше македонската политичка сцена, нема да има веќе паника, немири, војни, конфликти.

Во иднина спремете се за живот во Македонија кој ќе биде до коска досаден и монотон. 

Ќе мора повеќето од нас да почнеме да се бавиме со екстремен спорт за да ги надополниме желбите за адреналин и допамин.

Ќе биде тоа нов предизвик за многу од нас.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија