Враќањето на довербата на инвеститорите е клучната придобивка која министерот Тевдовски ја очекува од забрзувањето на патот кон НАТО како најсилна безбедносна алијанса, но и кон Европската унија, откако земјава го заврши својот дел од Преспанскиот договор

Објавено на 17.01.2019 во 18:19:12 часот | Македонија

Враќањето на довербата на инвеститорите е клучната придобивка која министерот Тевдовски ја очекува од забрзувањето на патот кон НАТО како најсилна безбедносна алијанса, но и кон Европската унија, откако земјава го заврши својот дел од Преспанскиот договор. Тоа за нив ќе значи сигнал за стабилност. Студии за земјите од регионот покажале дека членството во НАТО двојно го зголемило економскиот раст, тоа довело и до подобар животен стандард.

Кога инвеститорите имаат доверба, тие ќе вложуваат, ќе отвораат нови производствени капацитети, ќе отвораат нови работни места, а конкуренцијата ќе прави тие работни места да бидат подобро платени. Искуството на земјите во регионот, на пример Бугарија, покажуваат дека најсилниот канал на првични економски бенефити е преку странските директни инвестиции, кои во просек, ако се гледа некој период од пет години пред влезот во НАТО и пет години после, се двојно зголемени како процент од БДП, во Бугарија се и повеќе од двојно зголемени, од околу 7 отсто од БДП, на 19,8 отсто, изјави Драган Тевдовски, министер за финансии, во интервју за телевизија Телма.

Прочитајте повеќе на следниот линк:
👉 https://telma.com.mk/tevdovski-vrakaneto-na-doverbata-na-i…/

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет