ЦЦЦ КОЕ ОДВРАТНО ЃУБРЕ Е МИЦОТАКИС: Никогаш од мене нема да чуете дека му посакувам добредојде на македонскиот премиер во нашата земја

Објавено на 15.01.2019 во 11:35:32 часот | Македонија

Глас за доверба за Ципрас е еднакво на „да“ за Договорот од Преспа, рече претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

-Но, господинот Ципрас нема да ја ужива довербата од народот. И затоа повторувам дека најкоректното решение денес, најчистото решение се избори. Избори сега. Посакувам господинот Ципрас да не добие 151 глас, рече Мицотакис во интервјуто.

 

Тој го повтори ставот на неговата партија дека разделбата на коалициските партнери во грчката Влада всушност е договорена и режирана, а Владата на СИРИЗА- Независни Грци и денес постои, бидејќи „едноставно се споија и веќе се едно“.

Прашан за тоа што тој како премиер би направил, доколку договорот е веќе ратификуван од грчкиот Парламент, Мицотакис рече дека треба да биде искрен и реален дека во тој случај „Скопје влегува во НАТО и нема враќање назад“.

-Од моментот кога овој Договор ќе се ратификува од грчкиот Парламент и во исто време, во ист момент, ако не во ист момент, тогаш неколку дена подоцна, ќе се ратификува протоколот за интеграција во НАТО, Скопје влезе во НАТО. Готово е. Влегоа. Но, внимавајте, следниот ден не влегуваат во Европската унија. Сакам да бидам апсолутно јасен. Никогаш од мене нема да чуете: Му посакувам добредојде на македонскиот премиер во нашата земја“. Ова нема да го слушнете следниот ден. Патот на Скопје кон ЕУ е долг процес и е тек што во голема мера ќе зависи од тоа дали Скопје ќе покаже добрососедски односи со Грција, објасни Мицотакис.

Во случај да не помине договорот, лидерот на Нова демократија вели дека тогаш преговорите почнуваат од почеток.

-Договорот не постои ако не помине во Парламентот. Постојат два случаи. Или да не биде изгласан од Парламентот, што значи во овој случај законски почнуваме од нула или да се распишат избори- тоа е она што го посакувам јас – пред Договорот да се ратификува од Парламентот. Следната влада, преговорите ќе ги започне од почеток.

Во однос на тоа дали Нова демократија се согласува со сложено име со вклучен термин Македонија, Мицотакис вели дека позицијата на неговата партија е непроменета, но објаснува дека името е поврзано со останатите елементи.

-Ако се договоревме дека името на Скопје ќе беше „Република на Централен Балкан“ и скопјаните ќе ги задржеа македонската националност, македонскиот јазик и македонскиот идентитет, би ни се допаѓал овој договор или не? Мене не би ми се допаднал. Според тоа, името е неразделно поврзано со останатите елементи на Договорот, кои на крајот се оние кои, во најголема мера, го прикриваат иредентизмот на нашите северни соседи, објасни Мицотакис.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет