Пола од Македонците се чисти фашисти и Шешељовци, од нив пола тоа го признаваат отворено а пола тоа го кријат зад разни правни изговори и заврзлами од типот - АБЕ НЕ СУМ ЈА ПРОТИВ ВАС АЛБАНЦИТЕ, АЛИ ЈБГ, НЕ Е СПОРЕД ПРОЦЕДУРА, А ЈА ВОЛИМ ПРОЦЕДУРЕ!

Објавено на 15.01.2019 во 10:45:36 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Многу ми се интересни овие вторите, што кријат дека се Шешељовци. Па на сите барања на Албанците за повеќе права, тие својот фашизам го маскираат зад разни правни изговори.

Па одат со следниве фори:

- Абе види, ок е све тоа, али не е според процедура, а ја ептен се ложам на процедура!

- Абе види, не е во ваш интерес тоа да имате толку права, многу арно не е на арно!

- Абе види, ок е све тоа, ама зошто бе Македонците немаат права во соседните земји на балканот, прво за нив после за вас, неам ја ништо против вас (а уствари цревата му се вртат кога ќе му текне на Албанец)

- Абе ја сум космополит, југословен, али сепак, ова Албанците се диво племе јебига, науката тоа го вика, не ја?!

- Абе ова све масоните и Сорос ни мути, он сака да не скара, убаво си живеевме сите сложно во Југославија (во химната се пееше ХЕЈ СЛОВЕНИ, Албанците ги тепаа редовно, им рушеа ѕидови зашто биле многу високи во Сарај, во администрација имаше вработено 0,0000001% Албанци, сите села со Албанци беа без вода, канализација, патишта, школи итн)

- Кој бе, ја сум за Албанците, али што им фали бе, да не заебавај, све имаат, дури и превише, претераа со ова барањава аман више! Усул да се немало! (Барањата се исти со барањата на Македонците во Грција, Албанија и Бугарија)

- Абе види, мора Македонски да научат, за нивно добро, утре ќе отидам на Бит Пазар, као бе ќе ме услужат, а, ќе останат без леб, абе за нивно добро е ова еј, ја на нив мислам арно да им биде!

- Дај бе со дебата, дај да се преброиме, колку се, што лажат бе дека се 20 посто, помалце се бе (сите албански жени имаат по 5 деца уште на 20 години, мажите на 45 години веќе се дедовци со 5 сина и 20 унуци а нашите и мажи и жени на 40 и уште ни на брак ни на дете не им текнува, ама по 5 кучиња шетаат у парк, од цели згради во Скопје со 6 влеза и 7 ката со 100 станови има само 10 деца у зграда, спомни и на Скопјанка деца ќе ти извади очи со пластична лажичка за еКспресо)

- Абе аман со тој национализам, сите сме граѓани бе еј, дај малце граЏАнско опшество (под граѓанско опшество подразбира МАКЕДОЊА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ТУКА ПА ДО ПЕЛОПОНЕЗ)

- Еј абе зашто ме замараш со политика, мене политика не ме занима, ја си терам свој филм (кога дознава дека македонија станала двојазична, мења профилна во бушав лав со крв од уста што му тече)

- Абе ова Албанците многу бе со криминал се бават, дрога, петарди, курви по тоа борделите, штета бе брат прават многу, ја сум ред да има, фискални не даваат (го ставаат директур во пичке си материне, краде 1 милион одма со наместен тендер, купува хациенда на име на кумот)

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија