ВЕНЦИ И СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПОСТАВЕНИ ВО ЧЕСТ НА МАРА БУНЕВА НА КЕЈОТ НА ВАРДАР

Објавено на 13.01.2019 во 22:49:59 часот | Македонија

Мара Бунева била македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација. Позната е како борец за слободата на Македонија [1] и херој [2]. Таа го извршила атентатот врз Велимир Прелиќ во 1928 година. Според други ставови, атентаторката на Прелиќ не живее во меморијата на Македонците, а на панихидите доаѓаат Бугарикои ја негираат македонската нација.[3]

Основно училиште завршила во Тетово, а средно образование во Скопје. Таткото на Мара Бунева - Никола С. Бунев бил пријател на видниот публицист родум од Тетово Матеjа Геров и на д-р Никола Герасимов. Во семејството на Мара Бунева имало шест деца: Борис, Лазар, Мара, Надежда, Вера и Елена. По завршувањето на Првата светска војна Бунева заминува за Бугарија. Завршува високо образование на Софискиот универзитет, по што се мажи за офицерот од Бугарската армија Иван Хранков. Нејзиниот брат Борис Бунев ја привлекува во редовите на ВМРО и таа почнува да ги извршува наредбите на револуционерната организација, како на неколку пати поминува границата со конспиративни задачи.

По аферата со затворањето и судењето на македонските студенти во Скопје од страна на српските власти, во 1927 година, Мара Бунева во знак на одмазда на 13 јануари 1928година извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ, на кејот на реката Вардар, кај камениот мост во Скопје. Веднаш по атентатот, Бунева самата се застрелала за да не падне во рацете на српските окупаторски власти. На повредите им подлегнала ден подоцна, на 14 јануари.

На атентатот што го извршила Мара Бунева врз Прелиќ му претходел голем судски процес на 20 македонски студенти во Скопје, кој побудил големо интересирање кај европската јавност. Судените биле членови на Македонската младинска тајна револуционерна организација, основана во 1923 година во Виена. Таа имала своја мрежа во БерлинГрацЛајпцигПрага и Париз каде што студирале македонски студенти. Истовремено, свои јадра создала и во Македонија - во СкопјеШтипВелесПрилепБитолаКрушевоРесенКрива ПаланкаКумановоКратовоБеровоСтрумицаТетовоРадовиш и Неготино. Организатор на ММТРО бил Иван Бојаџиев од Велес, кој студирал во Виена.

Има спротивставени ставови за националната свест на Мара Бунева и побудите за атентатот којшто го извршила, но она што е неспорно е дека нејзиниот самопожртвуван чин ја изразувал македонската борба против тогашниот српски окупатор и стремежот за слобода [белешка 1].

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет