Манчевски од Вевчани: Сега ќе се смејам, ама вечерва ќе се замислам

Објавено на 13.01.2019 во 21:32:33 часот | Македонија

Денеска е ден за сатира, за смеење и малку да се пошегуваме за да најдеме некое друго значење на она со што се занимаваме и го правиме секој ден. Ова го истакна министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски пред официјалното отворање на Вевчанскиот карневал.

Пред официјалното дефиле на кое се очекува да се претстават над 1.000 поединечни и групни маски на вевчанските василичари, но и на учесници од земјава и странство, Манчевски очекува дека политичарите ќе бидат дел од настанот претставени на сатиричен начин.

– Сигурен сум дека ние политичарите ќе бидеме предмет на критика денеска и едвај чекам да видам што имаат подготвено вевчанци и василичарите со своите маски. Денеска сигурен сум дека тука ќе се смеам, ама знам дека вечер сигурно ќе се замислам. И ова е дел од критиката и нормално е власта да биде критикувана. Тоа е демократија и затоа е власта за да биде критикувана, а критиката може да направи само подобра власт. Ако не треба да биде сменета, изјави Манчевски.

Градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски уште еднаш потсети дека локалната самоуправа не учествува во изборот на маските и оти тие ги дознаваат за време на дефилето.

– Ние не учествуваме во изборот на маски, можеме само да апелираме. Немаме увид во што ќе бидат маскирани василичарите, рече Јанкоски.

Тој информира дека имало голема посетеност на синоќешниот концерт каде настапија „Архангел“, Неша од  групата „ Галија“, Културно уметнички работници“ и ди џеј Рутбој.

– И на минус 12 степени Архангел и Неша од групата Галија ја кренаа атмосферата. Посетеноста беше голема и забавата помина во одлична атмосфера, рече Јанкоски.

Угостителите  и сместувачките капацитети во Вевчани се полни, а вевчанци и гостите денеска ќе уживаат во театарот на отворено.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет