НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА НИ МИНИМАЛНА ПЛАТА НИ ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДАНОК НИ НОВИТЕ 70 000 ДЕЦА СО ДЕЧКИ ДОДАТОК: Левица бара итно распуштање на Собранието и распишување на избори, во спротивно се закануваат со мали протести со сите 50 членови и симпатизери!

Објавено на 12.01.2019 во 20:22:04 часот | Македонија

Политичката партија „Левица“ преку соопштение изрази револт и најостра осуда на процесот на усвојувањето на уставните измени. Од партијата бараат итно распуштање на Собранието и распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.

„Ако сметате дека ја уживате поддршката на граѓаните за силувањето на демократијата, за силувањето на правната држава, за коруптивното владеење, распишете предвремени парламентарни избори“, порачаа од Левица.

Според партијата, уставните измени биле изгласани со координација меѓу партиите од власта и ВМРО-ДПМНЕ.

„Неодлучноста, пасивноста на ВМРО – ДПМНЕ во текот на целиот процес и ставањето на тацна на своите пратеници да бидат уценувани и купувани во собраниските канцеларии е уште еден показател дека уставните измени беа изгласани во дослух меѓу партиите од власта и најголемата опозициона партија. Граѓаните немаат свои преставници во Собранието кои ќе се спротистават на газењето на демократијата, на правната држава и газењето на правото на самоопределување“, се вели во соопштението на Левица.

Партијата го повтори ставот дека пред гласањето распишан бил против-уставен референдум со манипулативно прашање, се полнеле кутии и не се испочитувал резултатот на референдумот. Beлат дека пред гласањето се амнестираа пратеници за да ги гласаат уставните измени, а бил направен и политички договор за бегството на Никола Груевски. Левица обвини и дека измените измините во Кривичниот законик се направени со цел власта да спаси осудени лица од затвор и на себеси да си ги олесни идните злоупотреби.

Политичката партија порача граѓаните да не се откажуваат од борбата, иако во моментов разочарувањето е огромно.

ИЗВОР; МАКФАКС

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет