ИЗВИНУВАЊЕ ДО ЧОМОВСКИ: Тој сепак го прекина интервјуто со Филип Петровски, потоа интервјуто беше поставено на сајтот на телевизијата и по други портали, но не во директниот пренос од дебатата на 1 ТВ!

Објавено на 21.10.2018 во 18:54:18 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Избрзав и го обвинив Чомовски за скандалозното интервју со Филип Петровски, но излезе дека тој не само што не е крив за тоа интервју, туку и го прекина интервјуто во сред директен пренос од дебатата.

Многу му се извинувам, многу го ценам и респектирам како постар колега, иако некогаш жестоко го критикувам, но немам зла намера против него, и еве кога ќе згрешам му се извинувам.

Во иднина ќе пазам во анализите да не избрзувам со заклучоци. Ме збуни тоа што целото интервју почна да се појавува на портали и социјални мрежи.

Дополнително добив и погрешно инфо од 1 ТВ дека тој стоел зад целата идеја и уредништво на таа емисија, но излезе дека идејата за тоа Филип да се интервјуира ја дал друг.

Уште еднаш големо извинување до нашиот легендарен Чом.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија