И ПОРАНЕШЕНАТА СЕКРЕТАРКА НА КИРО ГЛИГОРОВ РАСПАЛИ ПО ЗАЕВ, АМАН БРЕ КОМУЊАРИ, КОЛКУ ВЕ ИМА ШТО СТЕ СКЛОНИ НА ПРЕДАВСТВО?!?!

Објавено на 16.05.2018 во 18:25:01 часот | Македонија

Наместо да помогне да се најде решение и некако да се одглавиме од оваа кал, бившата секретарка на Киро Глигоров, која инаку живее во САД и работи во Стејт Департментот, фатила да образлага на широко како било пред 20-30 години кога Киро преговарал со Грците и сега предлага да сме се врателе на тие позиции, за да не сме ја предале Македоња?!?!

Аман бре жено, немаме временска машина, барањата на Грците СЕГА СЕ ТИЕ!

Не е битно какви биле барањата пред 10, 20 или 30 години, тоа не е воопшто битно и ништо не ни помага.

СЕГА БАРАЊАТА СЕ ТИЕ ШТО СЕ, СИТЕ ГИ СЛУШАМЕ И ГЛЕДАМЕ ОБЈАСНУВАЊАТА НА КОЅИЈАС!

И што има сега тука да се пењавиме како преговарал Киро како преговарал Бране итн итн, условите се променети, имавме 10 години Груевизам кој и ги ослабна нашите позиции и нема што сега да го обвинуваме Заев дека не знае да преговара.

Треба да му дадеме поддршка, ветар во грб, доверба, и да го оставиме да испреговара максимум што може, но да му оставиме доволно простор а не да го прогласуваме за предавник пред време и да го величиме Киро Глигоров, он е веќе прогласен за великан, што сега уште повеќе му додавате слава и величина, или си празните некои лични хирови?!

Аман луѓе дај приберете се, ова не е заебанција, пробајте да мислите за доброто на Македонија без разлика каде живеете и како живеете.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет